искомандува (св.)
- Напред, другари! Јуриш - искомандува Горјан. - Урааа! Урааа! Ураа! - се разнесе низ дабовите надолу.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Германскиот офицер искомандува. Војниците ги свртеа револверите, пушките и шмајзерите во селаните.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога бригадата беше построена, командантот искомандува: - Бригада мирно! - Баталјон мирно!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Заповедно им рече на братучедите: - Слушајте сега деца: ДОЛУ ПАНТАЛОНИТЕ! – им искомандува.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)