искрен (прид.)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога историската неопходност категорички ни изјавува: Македонци, или соединувајте се меѓу себе и отцепете се од другите балкански народи или гответе се за дележ на нашата татковина! – сите искрени патриоти Македонци ќе го примат првото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во трите гореизложени статии јас ги разгледав најважните за мене, па ми се чини и за сите искрени патриоти прашања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А права љубов, искрена љубов треба да се круниса со венец.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ѓуро искрените ги поздрави искрено и од срце, а на лицемерните не им рече ни „добровечер".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа тоа го прави кога не е сосем искрена.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа беше толку искрена, што вакво нешто вештачко не ѝ успеваше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ми се стори претерана и затоа можеби не толку искрена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во ниеден момент тие мои добри толку искрени другарки, носени од радостите на животот, не можеа да се досетат каква болка за мене крие тој еден збор, колку ми ја изгорува душата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
За убава, весела игра, потребно е разбирање, другарство, едноставност, искреност.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
За другарството е потребна искреност, готовност да се помага, готовност да се дели што се има, готовност да се проштева.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од професорот Томо се научив на скромност, на дружељубивост, на искреност, на чесност, на убаво однесување...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Му иде и тој да се насмее, но нему и насмевката не му е искрена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во зборовите имаше повеќе чкрботлива смеа отколку пријателска искреност, „Знам, ти и ја испрати душата со кладилница.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)