искушение (ср.)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се разбира дека ваквата постапка не може исцело да ги задоволи ниту потребите на „Стремеж“, ниту пак да ги објави бројните искушенија пред кои се наоѓа творецот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Искушенијата на необичниот товар често се преголеми за оние што патуваат со него.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А и што ќе можев да откријам под капакот - продувани маки и надежи, богатство. искушенија, сјај, алчност, себичност, богопоклонство, незаконски чин, пакосничавост, грабеж, паѓање на возвишениот разум, семејна тајна -што?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Искушението му е облека; под неа се, и желбата и намерата, е куп искушенија ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таков, чиниш недопрен од искушенија, можел да предизвика љубов кај луѓето - со ишмукани коски и гргалец на говор е, судел и бил духовник, сега му суди душовадник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наспроти здравата, практична логика на мајката која му беше неопходна да опстане низ најмачните искушенија, сега, по сите порази, татковиот дух беше оној под чија власт потпаѓаше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тета Дитка имаше право. И последното, душманско искушение, чичо Ѓорѓи го ублажи со музика. Веќе искашлуваше крвави грутки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Земјата минува низ мачни искушенија: следеа монтирани процеси во името на класната борба, се множеа идеолошки и верски прогонства, придружени од страшен лов на вештерки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Романот претставува топла химна за животот и покрај сите можни искушенија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што разговорот забрзано се доближуваше до крајот, не можевме да му одолееме на искушението да го соочиме нашиот гостин со полемичката теза за глобалниот распад на големиот бран на критичка мисла во Европа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Укинување на забраната секако не би преставувало идеално решение, но би овозможило намалување на трошокот на кривично гонење, би се окончал сѐ поголемиот број апсења и затвори, би се намалила смртноста меѓу наркоманите, искушението во кое се доведуваат малолетниците, и би се намалила големата стапка на криминалот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)