искушува несв.
искушување ср.

искушува (несв.)

Мрзлив неранимајко! Тој го искушуваше трпението на персоналот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Напати ми се причинува дека се обидуваш да ме искушуваш а во твоето искушување како да е присутна некоја грда намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оној кој искушува на грешка тера напредок заговара унакажува, опседнува видлив и невидлив создава ли од ништо нешто страхува ли од пресекот на светот, крстителот?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие знаеле дека: ако Бог те сака те мачи, те искушува, ти дава страдание за да те прочисти, да те поготви на духовен раст. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таму кајшто несвидното растојание меѓу земјата и змијата ги искушува во љубовна жега сетилата за душа: очите, прстите, јазикот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секоја сцена ја искушува публиката да ги заземе обете страни во кавгата што ја прикажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)