испланира (св.)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кај сме знаеле како е испланирано одозгора, од другите глави.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мораше сѐ да се испланира! Во прашање беа придобивките на револуцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потоа тргнавме по другите канцеларии. Не беше испланирано.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Гронинг: Немав никакви филтери. Местото беше доста нагиздено и слабо испланирано.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но овојпат мора да стигнеш таму по сосем друг пат. Испланирав сѐ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако прагматичната природа знаела секогаш да си отвори пат, догматичниот човек, пак, сака да си ги испланира грешките што очекува да ги направи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Тато, би можел да ни одржиш предавање за користење на нечисти и чисти технологии.“ „Со голема радост. Кога ќе испланирате, ќе ме поканите.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Несреќниот Генерал веројатно сите нешта добро ги смислил и испланирал, се осигурал со убава поткрепа за во туѓина, само што не се обидел да му наѕирне во умот на својот ординарец.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Што е право, идејата за Орденот беше на Донски. Тој си имаше убаво испланирано: првин, Татко подалеку од сиџилите, ама во бавен процес.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сум си го испланирала животот сѐ во реални детали: ќе завршам фармација, ќе станам аптекарка а секој сака да има барем познат ако не близок во аптека, за зло не требало.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неговото око имаше сјај, но не се погодуваше веднаш, дали е тоа сјајот од нападната кивавица, или од неговата следна намера, која тој ја беше испланирал најверојатно уште при своето доаѓање, а сега очекуваше да ја изведе како вистинска претстава.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наместо политички простор обележан со непосредувана интеракција и отсуство на принуда од страна на моќните институции, имаме простор за рекреација и забава, наменет за користење од страна на соодветна јавност, простор што е испланиран, уреден и безбеден.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Глупости, нашиот кревет беше пресметан, строго испланиран, студен механизам што го придвижуваа мотиви далеку од срцето и душата. Во отсуство на клиентка креветот ти го исполнував јас.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)