испоседне (св.)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, што сме испоседнале со нив вака како да сме на настава во природа?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Постарите ги испоседна, им се претстави: - Јас сум Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
По некое време им рече нешто на другите, на нам неразбирлив јазик, и сите испоседнаа околу тенџерето и почнаа да сркаат од чорбата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)