испосник (м.)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се изградиле нови келии за испосници кои тука го проведувале испосничкиот живот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не може да се помири дека ртењето ќе трае девет месеци и дека треба да го роди токму во одајчето, во испосничката келија на Димостена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На едно око спијам со другото се мачам да го здогледам тој збор, испоснички сув, во кој е овоплотен животот кој се пресоздал во корени и историска скрб...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа се потврдува во сцените од испосничката ќелија, каде се наоѓаат моштите на древниот пустиножител и гускиното перо со кое тој ги запишувал своите мисли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така создадов необична
и невообичаена сопоставеност од
портокалова, тиркизна, скерлетно пламена
и златно ореолска боја
и ги насликав женствено оние чија аура е видима
трите ангелски лица
трите посланика на искушението
и гласот дури го насликав:
'Не кревај рака врз чедото свое!'
Така сите бои со сите облици
во вид на жиг на Светиот Дух
(ни мој, ни не-мој)
ги втиснав на дрвена плоча,
пресувана стрпливо и грамотно
небаре испосник
за да опстане со силата на пречистата
мисла, оти и мислата е светлост,
и топлина, и магнетизам,
енергија - сѐ на сѐ!
и заедно, во возвишен,
а за Окото дофатлив облик,
ги склопив!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Младиот човек, со долга коса и брадичка, со лик на испосник, се лечеше на истиот кат, во истата болница, а во белешките на татко му го нашол моето име.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)