истенчи (св.)
Сигурно ги истенчил усните, ги набрал веѓите, премолчил пред оној кој му го кажал тоа, решил во себе: - Ќе ми платиш! ***
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Потоа, дваесет дена сувите ветришта и врелото дишење на пустинските пространства го сушеа и истенчуваа телото, ја слабеа волјата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имаше пред себе една таква машинерија, на која можеш само да ѝ се радуваш, таа ниеднаш не ја истенчуваше својата напнатост, во неа беснееше една таква сила, со која можеше да биде рамноправен, а во сето тоа најмногу се радуваше што ни во своите раце,а ни во бичкијата, не можеше да сети ниедна сенка измореност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ведане, - ми рече помирливо - можеби претерав, ама признај дека ми ги истенчивте нервите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Прозорците затреперија. Се истенчија. Се раширија незабележливо, како зениците на безбројни очи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Рена примаше дискретна помош од татко ѝ и од мајка ѝ, особено откако им се роди синот, но со текот на времето и таа се истенчи зашто и во домот на татко ѝ се почувствува првата оскудица.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)