истрие (св.)
ТЕОДОС: Арно да ги истриеш со кадифе, да светнат како зифт!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Вечер да одиш на амам, да се истриеш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Почекај. Ќе ти го истријам глуждот со мелем. За еден ден ќе помине.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Истрив рака во прашината на ќумурот и ја премачкав мачката преку светлата дамка под увото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ, сѐ, сѐ да истриете од вас. Нека го однесе дождовницата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Сѐ, бога ми, ќе истријам, - рече еден друг - и потоа цел ден ќе седам и ќе кршам вошки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
За ручек се извадува од котелот и до цедилото, одново се истрива со дланките, одново се потпржува со сало, и се изнесува на синија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Никогаш за ништо друго не зборуваше, освен за времето или за состојбата на мојот врат и за потребата тој да се истрие или за фактот дека веќе со ноќи не спие.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Отиде во бањата и внимателно го истри мастилото со остриот темнокафеав сапун, кој ја гребеше кожата како шмиргла и според тоа беше соодветен за оваа цел.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Претходните писанија сѐ уште се гледаа под размачканите бришаници и тој се обиде да ги доизбрише уште малку. „Слабо излегло“, си рече. „Не е истриено како што треба“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ставив и залак во ношвите пред зајдисонце, го изедов изутрината при изгрејсонце, ги истрив рацете низ сребрени склопци...
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пумпаше, се плискаше со водата и ја истриваше кожата, сѐ додека не му се стори дека мирисот на Ребека сосем го снема од него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја нарами пушката, силно истри дланка од дланка, дувна во шепите неколкупати, зачекори до стеблото, се врати назад, се подигна на прсти и се обиде да погледне преку високиот намет.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)