калабалак (м.)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Добредојде, добредојде. Ајде, збирајте се: колку повеќе — толку поарно. Кога ќе тргнеме, да сме поголем калабалак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Калабалак луѓе потешко разговараат отколку малкумина. Молк.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)