камара ж.

камара (ж.)

Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
липа _ 1) дрво липа, 2) несреќа, зло го најде, човекот. Му се стори липата маѓер — готвач мазгалка — камарче во ѕидот мака — волку мака — сермија макцам — дете малечко, неразвиено уште мал — имот, земја малчок — исто нагалено (диминутив) мандак — пес.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Маса Ќулумоска кажуваше дека сама ѝ ги избришала солзите на Богородица од иконата во камарчето. Ја одврзала шамијата од глава и ѝ ги избришала солзите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
-Ене нож во камарана, му велам на Лазора Ночески, ај барем мртвите да не чекаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шуркам овде, онде, отворам долапи, камари, ковчези. Го наоѓам в ќевар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде е таа камара? Ја расипа Мара. Каде е Мара? Чува просо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Каде е тоа јајце? Ене го в камара.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во камарите на рушевините ко капетан што бродот му откажал...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Баба Петра пак се крсти до трипати, станува од софрата, откај камарчето во ѕидот - со икона и кандило - зима суво стракче босилек и го фрла врз гламјата во огништето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)