камбанарија ж.

камбанарија (ж.)

ТЕМЈАНА: Од коријата комити слегуваат! Од Гумење, исто… Од камбанаријата на грчката црква стрелаат… (Истрели, ура, песни)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Само чавките, тие ѓаволи, кога ќе се сјурат од камбанариите и од високите јасики - бог да пази...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Клепалото биеше, не од камбанарија, ами од врвот на еден искастрен бор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На зората ја виде камбанаријата од црквата и без да сака се прекрсти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Исто е и во примерот: „Сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; златни синџири од ѕвезда до ѕвезда и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Извиците се мешаа со испрекинатото одѕвонување на црковната камбанарија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега, точно на залез, јарко блеснува крстот на една камбанарија и една птица само ќе прелета од чардакот и ќе застане на крстот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ми ѕвони сината камбанарија, ми дозрева гласот ко виулица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да го обесат, ако е точно како што се раскажува, на јажето на црковната камбанерија, се свртил кон некој свој невидлив собеседник и прашал - Каде отиде коњот на Питу Гули?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го криеме оружјето по црквите, по камбанариите, во амбарите, на таваните, во мутлите од черените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одеше во камбанаријата, тргаше на јажето и го удираше ѕвонарот; кога ќе се измореше тој, го заменуваше отец Иларион, па отец Серафим, па се редеа другите калуѓери.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во меѓувреме тука, околу камбанаријата, се насобра едночудо народ, ако не и половината село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Камбанаријата го означи почетокот на новиот ден, а со тоа и на новите предизвици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но кога му ја донесоа дома и кога требаше да ги спојат, тој избега од дома и живееше во плевните или во некои напуштени куќи или во камбанаријата на црквата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше висок три аршини и три стапки и се гордееше дека води потекло по права линија од Иван Велики (позната камбанерија во Москва).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе