каменлив (прид.)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И, според некое непишано правило, ги закопуваат понастрана од гробиштата, таму каде што земјата е каменлива, црвеникава, тврда.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првите денови на мај, ние бевме веќе на крајот од таа делница и се појавивме на една чистина од која, другата машина веќе имаше почнато да копа лево надолу по еден каменен мев кој, велам, освен што беше каменлив, беше чист.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И одново од длабината ечеше каменливото речно корито од чеканите и од викањето на работниците и од ударите во ритам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)