камо (прил.)
Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? Сѐ уште силен е Харон...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СОФРЕ: Камо вакви гости да ни идат секогаш...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
„А камо ти камен да ја наостриш секирата?“ Селанецот немал камен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Ајде, камо а новата домаќинка да тури по една ракија пред вечера? — извикна дедот Петко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кос-коџа со мажје жени пак беља тргаат ако тргнат сами, а камо ли ти шо си а изгубила главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Овде, како што гледате и самиот, сосем не е сигурно ни за нас, а камо ли пак за Вас.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Сега ги нема. Камо се сега? - рече Језекил.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Камо ново? - Какво? - Шарено! Нели имаш куќа на крај село ... Имаш!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
За еден ден поминат в планина, размислуваше Бојан, за една недела, за едно лето можеше толку многу да се доживее, толку многу да се почувствува, а камо ли, пак, за седумдесет и повеќе години.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој не можеше ни сув леб да им заработи, а камо ли да затишти некоја пара да се отплати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Камо комитите, бре ќерата! — го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави недоветен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. Не ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ми е да прошетам по вашата улица Тајно допрен на ѕидот на твојата куќа Да чујам колку убаво потпевнуваш А камо ли – како сонуваш...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И откако ќе ги надуе образите и откако ќе ја оддели устата од устинката на стомнето ќе кликне: - Овие не пуштаат душа, а камо ли вода!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Абре, тие јадат жаби и змии, ќе рече Доксим Тренчески, а камо ли скапани патлиџани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пребаруваат: - Камо чорба, викаа и ништо од чорбата, ако не цапа во неа петел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Немавме излез. Двете чешми не беа доволни ни за пиење, а камо ли за миење и за перење? Фативме вошки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)