карактер (м.)
Борбата има не толку национален, колку религиозен карактер.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Особено Патријаршијата, како установа вселенска, треба да престане да постапува како установа со грчки карактер.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
141. Во последно време во бугарската наука сѐ повеќе се протежира теоријата за хунско-алтајскиот карактер на Протобугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Перспективата за поделба на Кина го доведува Хопсона до оваа економска оцена: „Голем дел од Западна Европа би можел тогаш да го добие изгледот и карактерот што го имаат сега деловите на овие земји: југот на Англија, Ривиерата, местата на Италија и Швајцарија кои најмногу ги посетуваат туристите и во кои живеат богатите, имено: грст богати аристократи кои добиваат дивиденди и пензии од Далечниот Исток, со малку поголема група професионални службеници и трговци и поголем број домашни слуги и работници во транспортот и во индустријата што се занимава со конечна изработка на фабрикати.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Извонредно поучно во тој поглед е што буржоаските економисти, кои го опишуваат најновиот капитализам, обично ги употребуваат зборовите: „преплетување“, „отсуство на изолираност“ итн.; банките се „претпријатија кои по своите задачи и по својот развиток немаат чисто приватноекономски карактер, туку сѐ повеќе излегуваат од сферата на чисто приватноекономско регулирање.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Земјите што извозуваат капитал речиси секогаш добиваат можност да извлечат определени
„користи“, чиј карактер фрла светлина врз специфичноста на епохата на финансискиот капитал и на монополите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А малото маче - шареноглавче имало малку незгоден карактер, писнувало и при најмалка болка и претерувало во тоа свое пискање. А било и инаетливо.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Макар што му го познаваа добро карактерот, тие постојано од секој негов збор се штрекнуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зар не Ви паѓа в очи дека посетите на таа жена паѓаат токму во моменти кога Вие имате средби од - интимен карактер?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Задачата што ни претстои е од таков карактер што бара Вашиот сопруг, токму поради тоа што е еден од најистакнатите работници во нашето легално движење, да не биде замешан во работата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Арсо така совршено го изучи звучењето на неговиот глас од дворот, што по него познаваше карактерот на човекот и неговото место во ова мало општество.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Има друг еден, зол по карактер и високо изговара со грлен глас навредливи зборови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А неговата тага беше спротивна со неговата снага и со неговиот мошне груб карактер.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Распитот премина на барање податоци од воен карактер.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ЛИЦА САЗДО - Крупно мажиште, средна возраст; во железничка униформа, ноншалантно облечен, често распетлан; питом карактер, природно интелигентен.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
„Боите го одразуваат карактерот на човекот“, им велеше тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тогај се открива волшебното, митскиот карактер кои го гледаат очите на фантазијата...“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)