касета ж.

касета (ж.)

Се враќаме во „Дијаната“ Пријателот уфрла касета во касетофонот. Џон Ленон и Јоко Оно...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Прочитав дека бараат нежност, па им купив касета со тивка музика на флејта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ваков ден ѝ е неопходен барем еднаш месечно: го слуша единствено тивкиот звук од неколкуте касети со стари, добри хитови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во седумдесеттите и осумдесеттите години, бидејќи поштата сè повеќе служи за испраќање на аудио и видео касети, на компјутерски програми, каталози и разни публикации, нејзината медиска компонента полека доаѓа во втор план во уметноста, а сè позначајна станува самата мејл-арт мрежа и нејзините учесници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека да падне ноќта, веќе го имав целиот расказ на четири касети и бев вон себе од радост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ден ги имавме решено сите крстозборки што се најдоа кај нас дома, на телевизија на ниеден канал немаше ништо интересно, по сто пати ги преслушувавме најновите касети што Борче ги имаше снимено, и не знаевме што да правиме од досада и од жештина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ставив слушалки на уши, си ја пуштив мојата омилена касета и запловив во розови мечти за голема, сјајна иднина во Холивуд.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Петра стави нова касета народни песни (сега македонски) и го свисочи тонот во звучниците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Музиката потоа се прошири како бескрајна плима низ собите, постојано различна, постојано чудесна, со сите плочи и касети што тој секојдневно ги купуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш приседна, видно уморен, но не преморен, па Евдо помисли дека ќе му се развика што не понел уште една касета, но сонцето веќе безнадежно заоѓаше зад сртовите и од падините слегуваше самракот како привидна маглина, па Геро само рече колку да си ја продолжи улогата на водач на екипата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Запре уште на зборовите: чекмеџе, фиока на маса и малечко сандаче со клуч во кое се чувале драгоцености, касета (од турски cekmece); кревет (со потекло од грчки krevet); миндер, послан и подреден со перничиња, (од турски minder); оџак, огниште, димник (од турски ocak); ќумбе, ќумбенце, печка (од персиски kmbet); мангал (од турски mangal), маша (од персиски masa) ќунк, ќунци (од турски knk).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)