квалитативен (прид.)
Природата беше механички збир или на квалитативни или на квантитативни ствари.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како добар пример за тој квалитативен популизам веќе не ни се потребни Пјаца Венеција во Рим или Нирнбершкиот стадион.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На тој начин токму тие го направија оној квалитативен исчекор којшто на чилеанското општество му даде нова историска перспектива.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Без оглед на тоа дали објект-јазикот не е ништо повеќе од здраворазумска измислица, важно е да се нагласи дека квалитативниот дуализам на настаните, самиот по себе, не го повлекува со себе дуализмот меѓу стварите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)