квечерина (ж.)
На самиот камен стои фурка, а покрај него табла полна со пластови. Време квечерина.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Квечерината, со огорченост ја оставаат само одозгора изгребана, застаната како челичен оклоп пред нив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многу квечерини таа стои на патната врата да го пречека него, милиот гостин.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но сега, во мирната улица, тивко совладувана од квечерината, во немото присуство на човекот што ја носи неблагодарната должност на царски војник, ќе стане необично, лудечко и грозно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гледаше како тивко се искончуваат невидливите квечерини.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ, дури и неговиот живот, сега излегуваше на една сосема нова, обесмислена чистина, губејќи ги сите свои суштини и останувајќи само празно, попусто талкање, кога ќе се обидеше да си го замисли макар и само тивкото брмчење на човечкиот разговор во некоја квечерина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Квечерина некоја далечна камбана го ниша времето И гледаш нешто од тебе како се кине И си одминува.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Уште се гледаше едно горчливо езеро и спроти него Квечерина полека како се симнува од ридот и топли фатени за раце како се водат надолу.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Летото конечно догорува И ете, тажно, во постојбина родена за цвеќе Едноставно ќе си умреш лете, квечерина.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Го дочека Јована, си дојде и Митра од колибата за некој и друг ден и Толе една квечерина си зеде збогум од обајцата за подолго време.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само еден меѓу крстовите во гробиштата немаше име На него беше развило гранче со неколку листенца И под него си спие овчарот Некогаш, во една далечна квечерина, на своите раце како на постела Што нѝ го донесе првото јагненце што ни се родило.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Есени, таа сосема сама. квечерина стои крај прозорец, пие чај и се сеќава на последната екскурзија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Го слуша гласот на дечињата некогаш што трчаа зад него, Ги гледа млекарите со полни ведра квечерина кога минуваат покрај старците, Се сеќава на кондураџијата везден што распрашува колку патува писмо до Америка,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
ЕДНА пролетна квечерина се најдов кај париските „Хали“ познат кварт на француската метропола по тоа што овде доскоро се наоѓаше „стомакот“ на градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И дури другиот ден, квечерината, се реши да се оддели од крвта моја, од трбушката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа беше квечерина, по вечера, го фрлавме ѓубрето, никаквецот беше раководител на хигиенското одделение.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Квечерината ме пуштија... Жената замолкна. Пандо слушна воздишки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)