кенеф (м.)
Кенефот Весел веќе триипол часа чепкаше по обезглавениот леш во салата за обдукции на компанијата „Фрли па Барај“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Го советував иако знаев подобро од секого каде завршуваат нашите совети. (Еднаш самиот ни рече. Ги обесувал на клинец во кенефот. Беше непристоен. Не допушташе никој со совети да истрчува пред него).
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Два или три дена големците зборуваа за големите победи и редум ги посетуваа бараките, а таму кој за колк се држи, кој за половина, кој на патерица се потпира, кој кашла та кашла, кој постела – рогозина не дава да се олади, кој учкур не врзува туку сал трча до кенефите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Ама да нѐ не ставаат во кенефите да им ги бришеме газовите како во таа прикаската за царот и сиромавиот?”...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)