киклоп м.

киклоп (м.)

Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонеа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, ѝ робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со кого разговараше така во ноќта пред тоа? Не со киклопската глава. Со некој друг.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На планинските сртови лежела наталожена матна и пак видлива пена во која месечината си го измивала киклопското око.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Она девојченце, сега притаено во својата рамка, пее и има едно око. Но не е киклоп.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше рамнодушен ни кон сведоштвата од татковите книги на Марцелинус и Прокопиј, според кои долгиот бедем на Калето, сличен на античките киклопски ѕидишта, допира уште од времето на византискиот император Јустинијан I.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Времето на исчезнатите цивилизации почиваше врз овие киклопски ѕидишта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
1. Грозна смеа Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч изречи ја славно на смртниците поругата, подбивот и јамбот, отровниот рев шегата пој ја на раѓањето и смртта маската, порокот и гревот опиши го, Вечна, на киклопот кикотот кркорот на крвта во обрач од стих завиено и сласно растури го кругот, барутот, чаурата со метар, а безмерно смерно во речта магично обратена,17со очи на тилот во стар образ, а со друга вера - кој прв спомна на Бога Име небаре ќе го снема ако не има во времето знак да биде освен вера, завера освен пат и бездна отсутен а присутен по севезден ѕвезден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)