киносала (ж.)
Козите влегуваа во киносалите, во продавниците, во аптеките, по пазарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Една падна врз преполна киносала во Степни, закопувајќи под урнатините неколку стотици жртви.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)