кич (м.)
О, зашто не забравам млади години, Детинство, најхарниј дар, Кичести полета, зелени градини, Младиј сос овци овчар!
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Хрватската, католичка варијанта на кичот се редизајнира себеси мешајќи ги Башчанските плочи и плетери, католичките светци и крстови, лицитарските срца и народните носии.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Социјалистичкиот кич имаше проекција за иднината, па според тоа и силна утописка димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Понекогаш ме боцка во пределот на срцето кога ќе видам како народот, биејќи се во градите со својата илјадагодишна историја, така лесно го прифаќа ритуалниот, кичест фалсификат, и со тоа е готов да ги чкртне оние години кои биле негова лична историја, неговиот мал, личен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Постојат реалистички слики коментирани со текст, или куси текстуални содржини проследени со орнаменти, фотографии, колажи, постојат парафрази на познати уметнички дела, често се пародираат кичот и познатите еротски разгледници итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Шаренилото на бојата на некој предмет сѐ уште не е доказ за неговата лажност, „лошиот вкус“ и кичот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И рече дека дури и западните, капиталистички форми на уметност, кои вештачки се накалемуваат на нашето дрво на народната уметност, на нашата македонска черешна, се само обичен кич, како што се шлагерите, авангардата, постмодерната или џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тој момент бев решена на секој начин да се борам против кичот во мене, иако не знаев зошто е тој толку многу страшен и треба да се искоренува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И зарем не е токму тоа кич, кога некој што израснал крај зурла, кавал и тапан сака да свири музика што не му припаѓа, туку им припаѓа на Црнците?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Реков дека ми се допаѓа, но дека од неа новите фолк музичари најчесто прават кич.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Да не е кич? – се уплашив. - Не е – решително рече мајка ми. – И навистина, многу ми се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тетка Ане така ни вели на Саше и мене, дека сме биле кич.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Убавице полуписмена, тажна, добротворна дарувалко наоружана со нападна пренагласеност, нашминкана со пастелни бои како Фем фатал на Кис ван Донген, а воедно стаклена, кревка и кич небаре те направил Сваровски.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Овде е сѐ толку подносливо и без размислување му се препушташ на кичот, додека пак вистинските вредности нормално сѐ уште пливаат на отворено море.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
А професорите повеќе не зборуваат за шунд и за кич. Еби му мајката.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Леле, леле, кич, некултура. Декаденција.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)