клапне (св.)
Првин му клапнува главата, а после целиот се слизнува покрај ѕидот. Ко испуштено јаже. 48
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Хм, си пристори авторот. Овој е цврсто клапнат на нешто, има лежиште, заклучи авторот во целосно недоумение.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Цел живот ги гледаш своите другари, соседи, пријатели, исправени и горди, како шетаат со своите соништа низ времето и туку одеднаш ќе забележиш, тие спокојни и чесни луѓе како клапнале, се подвиткале, се смалиле...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во чудо се прашваа: „Од каде долетала гугучката, од каде влегла кога џамовите се затворени, капаците клапнати, пердињата спуштени?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мора да продолжи да чекори за да не заспие и така заспан, несвесно да не клапне на овој снег како на топла постела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, практиката не се препишува така лесно, затоа што многу од предусловите беа различни од веќе видените така што рамката не беше соодветна, па проблемот на општеството им бегаше изместувајќи ги својте рабови под рамката а таа никако да клапне, да го опфати во целост.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Непроспиената ноќ уште повеќе ѝ го разобличи лицето. Подочниците беа клапнале на образите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)