клинка (несв.)
Одеа еден крај друг, клинкајќи, потурнувајќи се.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По него клинка Дуковица и си шепоти: мене да ме нема, ќе ја запали шумава!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По нас клинка и Чако, ќе се заврати по некоја гуштерица, ќе ја збрка и пак иди по нас. 151
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Клинка пред нас, зад нас, не нѐ остава на подалеку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клинка и вика: — Наведни ја главата, чувај си ја главата!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Старецот го доиспи кафето, со обете раце се поздрави со нас и, клинкајќи тргна пругоре по улицата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)