кове (несв.)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Исус е море што се повлекува, Исус скока преку смрзнати потоци, Се крие во пештерите и кове Златни решетки за Жар-птицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Допирајќи го каменот одвнатре – ковењето, вриењето, пенливоста – го допирам процесот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Овој камен одгатнувал народи кои ја напуштале историјата, ја обликувал силата со која напуштените огништа станувале освета, им ковел мечови на воините и сам носел меч, но никогаш не се вратил понижен од војните.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој ми се прикажува во сите ликови за да ми укаже на клучните личности во историјата на ковењето на судбината на балканските народи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Да се биде“ и кога „никој не ме гледа“ е местото на светотот прибежиште во кое поетот го „кове“ заговорот кон своите ненапишани песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Во овој град, повеќе од илјади години ќе се кове албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој беше насекаде во исто време: туркаше, влечеше, стругаше, ковеше, импровизираше, бодрејќи ги патем со другарски шеги сите и испуштајќи од секое делче на своето тело изобилство од кисела пот како од непресушен извор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Покрај приближнава мерка што ја доби, уште што му е потребно на декоратерот за да ја прими нарачка и да почне да кове?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тука, поблиску до небото на своите идеи, ги ковеше своите планови на големото заминување од кои не можеше никогаш да се ослободи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Целото мое суштество се свиваше од таа измама, јас ковев страшна одмазда, но знаев дека таа ќе остане само во мене. Бев слаб.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По таа линија, дури тигрите го ковеа најдобриот казнен план за ваквата мајмунска престапница, во точниот миг пред нападот ноелемакот-мајмун мимикрично се претвораше во тигар.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)