кокетен (прид.)
На другиот крај, на самиот агол, стои кокетна куќарка, обрастена со бршлен, и два кипариса стражарат пред влезната врата. Се излегува на плоштад.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Шапките од ѕидот кокетно го посматраат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен ѝ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Го погоди мигот кога нејзината кокетна екстраваганција не можеше да остане незабележана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)