кол (м.)
Тој многу пати велеше: кој оди од кол на кол, колот...... ќе му се пикне.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Невестата Менка ја зеде торбата од Илка, ја обеси на колот, ја зеде рогузината, го посла козинавчето како секојпат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Петко ги собу опинците, ја симна торбата од рамото, стана, ја исправи ластегарката до ѕидот, ја обеси торбата на колот и седна скрснозе на постелата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок глогов кол.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Заборавам на ноќта - бик, на нејзините врели ноздри, на глоговиот кол. Гледам и умирам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Имаа слушано дека и живи на кол навирале агите, ама сепак се тешеа белким дотаму нема да ги мачи кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако се исправи човек ќе ги види колјата, камењата пред куќата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не се здржа ни жената; гледа во норовите како ја притиснале плашицата до колјата и безмилосно ја таманат. Вистинска наезда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој неколку мига чекаше напрегнато да излезе од собата и да ги последи овие две грди жени убавицата што ја виде крај колјата... Но залудно....
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Овде има секакви, од кол и јаже собрани како на кокошка.“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Јас одамна сум ја клал главата в торба, сум ја набил на кол.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Слезе долу под селото, го отвори вратничето на Евтинковата Ливада, најде еден кол и со камен го закова колот во ливадата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Катето истрча пред Адема и го зеде неговиот ќурк од лисичка кожа та го закачи на колот под полицата, а Адем го зеде ќуркот од Јована и го закачи на другиот кол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Фати сѐ надолу, како тркалото, што најпосле, се откачи од колот на оградата и се стркала надолу по брегот здробувајќи се во парчиња. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но ако дознаат, на кол ќе те наденат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Заборавам на ноќта бик, на нејзините врели ноздри, на глоговиот кол. Гледам и умирам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок со глогов кол.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)