колосек м.

колосек (м.)

Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но еден ден се случи нешто неочекувано што заборавениот вагон од заборавениот колосек пак го врати в живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Две чорлави деца, со црни вреќичиња на грб, заскитаа на заборавениот колосек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но тоа беше повеќе слеп колосек, глуво место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Писнува и локомотивата: го менува својот колосек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот веќе беше поставен на вториот колосек кога ние се искачивме на перонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Она со дедо ти сосем ме исфрли од колосек.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако со помош на компјутерот создадеш доволно надразби, што означуваат постоење на одредена друга стварност, нервниот систем ќе прескокне на друг колосек и човекот новиот симулиран свет ќе го прими како стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потоа, целата онаа агресија во Битола, оној чуден начин на барање услуга, сето тоа некако уште повеќе ме исфрли од колосек раѓајќи притоа некаков непознат отпор во мене кон сé што посегнува по мојот интегритет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Под гробиштата беше станицата со своите слепи колосеци, над гробиштата беше Водно со своите осамени вили.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
(Всушност, целата фора е во тоа да ги пуштиш луѓето непрестано да зборуваат, бидејќи, порано или подоцна, некој ќе го испушти токму оној збор кој ќе те одведе на вистинскиот колосек).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Школниците ги прибраа во училниците, Друже Србине во канцеларијата на Мандулски се пикна, а Корнулов и Папокот сѐ почесто ги посетувале двата вагона на споредниот , слепиот колосек.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие нема да ме стрелаат само затоа што еднаш сум излегол од колосекот, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите ги свртеа очите кон третиот колосек и таму, навистина, го здогледаа речиси распаднатиот вагон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И во разговорот што го водев со Таша, (сиот протече низ прашања на кои таа божем бараше одговори), некако наеднаш, веројатно откако сфати дека разговорот се најде отскитан на седмиот колосек, таа отворено праша: дали откривањето на непознати детали немало да поттикнат кај синот нови, уште понепријатни прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе