компонира (св. и несв.)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Музиката во поезијата Зошто би се компонирала музиката, доколку она што го соопштува нотата може да го соопшти зборот?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Освен неколку крупни кадри, поголемиот дел од сцените е компониран во широкиот лак на масата за вечера и плановите на кујнската послуга, кадешто е остварена раздалеченоста и контролирано растојанието.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
По враќањето во Лајпциг, Бах компонирал дело во три и шест гласа врз база на темата предложена од кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Иако уметноста денес станува повеќе од слика, скулптура или музика: уметноста е нешто повеќе од Ван Гог кој слика пејсаж или Вагнер кој компонира опера.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Прашање: Како? Одговор: Кристијан Волф во својот процес на компонирање воведе просторни акции кои се во расчекор со подоцна изведените временски акции.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со четири филмски фонографи можеме да компонираме и изведеме квартет за мотор со внатрешно согорување, ветар, чукање на срце и одронување на земја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Новата песна што требаше да биде лајтмотив на Неделата на омразата (се викаше „Песна на омразата“) веќе беше компонирана и бесконечно се емитуваше преку телекраните.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таму се произведуваа булеварски весници кои не содржеа речиси ништо друго освен спорт, криминал и астрологија, потоа сензационални романчиња од пет центи, филмови преполни со секс и сентиментални шлагери што беа целосно компонирани на механички начин, со помош на еден посебен вид калеидоскоп познат како стихотвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сакам да речам, многу нешта ја компонираат целината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Компонирам кратки еротични филмови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ги играат главните улоги во операта „Царица“ компонирана од Трентини лично за неа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Даниелс бргу се утврдил пеејќи оперски улоги првобитно компонирани за високите, моќни гласови на кастратите од седумнаесеттиот и од осумнаесеттиот век (пејачи кои во детството биле кастрирани за да го задржат сопранскиот гласовен опсег и за да се квалификуваат за доживотна кариера како исполнители во еднополови црковни хорови.) Во текот на изминативе сто и педесет години, сѐ до многу неодамна, таквите улоги секогаш ги пееја жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)