корија (ж.)
ТЕМЈАНА: Од коријата комити слегуваат! Од Гумење, исто… Од камбанаријата на грчката црква стрелаат… (Истрели, ура, песни)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
И се насекоа греди од блиската корија на вдовицата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И на крајот им рече: - Мартин со воловите е онаму долу под коријата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Внучиња, оваа каменеста родница не родила и сева корија и сиов камен што го гледате била - вие.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
IV Волк... Остана ли во некоја корија волк?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Остана ли некоја корија да подивам?
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Една вечер тој негов предедо наместил на една врвица во некоја корија стапица за диви свињи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога навлезе во густата корија од Караорман, се исправи на коњчето, гордо ја крена главата и колку што го грло носи запеа: „Горо моја, мајко на јунаци, шири, мајко, зелени пазуви нов партизан мене да дочекаш!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Навлегоа во буковата темна корија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Овој плати за Караман!“ - мислеше. „Не стигнал далеку, а сигурно и неговите браќа му помогнале да го заврши животот. Го распарчиле некаде во коријата.“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На десетина метри западно од колибата се простираше чистинка, омеѓена од северната страна со две, три стари буки, од јужната со поточето и коријата што почнуваше преку него, а кон запад чистинката свршуваше со ретки, стари јаболкови и крушови стебла, кои потаму се згуснуваа и сраснуваа со густата букова корија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Коријата спроти Заветна пламна во жолти бои.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Паѓа, се распредува и над вршките од коријата угаснува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Една ѕвезда се скинува и паѓа над коријата. Господе, мислам, ќе ја запали шумана. Ама ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пукаат, трешти коријата. Ние сега молчиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)