котелец (м.)
Ги навре сите котелци на двете игли и почна да плете.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Подај, поземи — правам од котелците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зашто нема ни ситница што не би му користела а камо ли во случајот кога тој го бараше котелецот од којшто би почнал да го отплетува а потоа и плете чорапот со нова мерка и нов дизајн.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека разгледуваше наоколу како слепа жена којашто го бара котелецот од кој ќе почне да го распарува чорапот, се чувствуваше изгубено.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
О колку краток ден, мајко!
Сончевиот круг се превртува
како котелец на бесконечноста
не од љубов, од обврска
и без невера на жена
за која ништо не е извесно
ништо нејзино ни туѓо
на еклиптиката на постоењето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)