крадец м.

крадец (м.)

Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- И продолжив гласно да ме чуе и Ана: - Ти си крадец, го дигна и зелениот автомат, и вазата од куќата на докторот, и -сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите веруваа дека крадецот е Адам но бев убеден дека само јас ја знам вистината.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но само еден со стапки кришум сторени ко крадец некој го граба моето бреме, и ги разголува, ги корне моите корени, па јас се чувствувам дека сум живот и време.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш по до неговата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој миг, во тоа лудечко запрепастување на малиот крадец, Стојан Ванков се мачеше однадвор да ја отклучи вратата на својот стан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чесните го преѕираат, но затоа пак крадците, убијците и манафите го сакаат како секое зло, без кое не се може.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Никако не може да го спореди Жан Валжан со Рифат крадецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Изгледаше многу сериозен и горд што ја пронајде трагата на крадецот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сликата успеав да ја симнам и да ја притиснам на градите, како крадец некаква скапоценост, за која долго мечтаел да ја присвои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како крадец влегов во спалната и отворајќи го шкафот ја зедов книгата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, се разбира, тоа не можеше да остане незабележано, па се случуваше да бидам наречен крадец и ушите да ми бидат истргани.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сѐ така со глава кон душемето, како вистински крадец тихо, немоќно одговори: - Сакав да направам мајка, - шепна Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еве и, тој брка курви и се готви да стане крадец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Е, баш ќе станам крадец, и лажго и вагабонт! Ќе одам во Елдорадо, како оној од филмот, и ќе собирам златни камчиња од реките, нема да учам и нема да завршам факултет, за инает на тато, - продолжував да си зборувам самиот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе