крадешкум прил.

крадешкум (прил.)

Тогаш, придушувајќи го шумот со својата дланка, тој ја откочи пушката, а после, крадешкум подавајќи се од зад стеблото, гледаше по долинката пред себе. Ништо не му го затскриваше погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По повеќе време чунким само од себе крадешкум, без ниедно шушкање со чекорот, а бесповратно, срнчето почна да се доближува кон неговата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа се влече низ планинските теснини, ја следи реката, лази незабележливо низ полето, ги обвиткува крадешкум перифериските куќи и наеднаш е на улиците: како непријател што ги измамил градските стражи и се пробил ненадејно низ слабо бранетите места, таа наѕирнува зад аглите, претрчува преку раскрсниците, ги освојува куќите една по една.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оттогаш, и ноќе почнав да одам до бунарот. Секоја ноќ, крадешкум, како да правам зло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тргна крадешкум, зашто за трчаница немаше ни жили ни сили, нагоре кон планините, каде што остануваше единствениот излез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тргна по него во време кога денот создаваше издолжени сенки по сокаците и наскоро го виде како крадешкум влегува во една куќа во поубавиот дел од градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Паметам, се искрадувавме под бодликавата жица и крадешкум влегувавме во нив низ отворените прозорци без стакла. Внатре пустелија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Каде го остави твоето срце, крадешкум ти го украдоа небитни лица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На чардак со безнозе, крадешкум ме погледнува, а во пурпурот останува сликата на најголемиот уметник на сите времиња...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Под црната наметка се скриваше таинствена ЖЕНА... што одвај крадешкум се смешка и плаче...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од под иконата крадешкум ползат пламени јазичиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)