крајно (прил.)

Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Келнерот одвај се движи меѓу преполнетите маси, потонати во крајно распалена; страсна расположба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Божем откриваше тајни што не треба никој да ги знае, говореше тивко со крајно поверлив призвук во гласот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крајно притеснет, покажува дискретно со главата на масата под огледалата. - Кого?... Се лути примашот. - Ајде, не измотавај се...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наеднаш тоа беше толку крајно безразлично. И толку просто, иако го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одговорот гласеше: „Брате Кралев. Писмото го примив. Крајно благодарам на предупредувањето!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се разочарав од она што го видов. Освен морето, ништо друго што може да привлече. Крајно неуредно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изморен од толкуте настани што го напаѓале во последно време со клунови на злокобни и крајно безмилосни птици одмаздници за нечие туѓо зло, на попот сè потешко му паѓала суровоста на човештвото што сега, еве, се претставувало преку лесновските жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Присуството на мајка ми го тераше да размислува за козите не само филозофски туку и крајно конкретно, реално, каков што беше и самиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тоа е незамислено: ХАМЛЕТ не му припаѓа на полето на веројатноста, тој е истовремено крајно неверојатен и крајно неопходен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2.17 Вчудоневиден сум што успеав да го забележам сето тоа. Во моментот ми се наметнува мисла, основата на хероинот е од крајно нихилистичка природа каде триумфира апатијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со деконструирање на такви научни настани како судењето на Галилеј пред Ватикан и развојот на квантната механика, тој инсинуираше дека не постои никаква логика во науката; научниците ги откриваа и се придржуваа до теориите поради крајно субјективни дури и ирационални разлози.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа математичка „интроспекција“ се покажа крајно плодородна и нејзината можеби најбогата импликација е токму откритието на Гедел кое е познато како Теорија за Некомплетност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас немав некој став за тоа, па сиот мој коментар на нивните расправии се сведуваше на крајно неразбирливи звуци и фаци.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Едно од основните учења на Леонардо, чии што еротски живот бил крајно сложен, гласи: човекот поседува „desiderio“, страст, целиот човек е апарат на страста, наполно сексуално животно кое веќе не може да се ограничува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Апологет на една крајно вулгарна но и најомасовена перцепција на реалноста така типична за необразованите и медиокритетски маси, пред сѐ за селаните, работниците и ситната буржоазија според која материјата и нејзините модалитети како и интеракции се единствената евидентност на постоењето и единствен фактор на личната и колективната засегнатост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе