кривица (ж.)
— Е, море имаш право, Толе, и главата да ми а скршиш со бардакот, токо да ли е само до мене кривицата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се уплашил да не нѐ види некој така, да не падне сомнение за кривица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тогаш пак се сетив на деда. „Кривицата никој не ја сака, велеше, таа е најсиромашна на светот.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Моја кривица беше што не се јавив веднаш кај воспитачот, да барам да ми се поправат чевлите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така стана и со мене, а кривицата за тоа ја носам само јас, зашто цел месец од ден на ден се ломев дали да се пријавам за тие чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Некако неусетно во него се зароди една мисла дека сепак тој не без кривица, не на права бога, беше забран и биен, дека власта не е толку глупа да гледа во него само проста овчичка што мирно си пасе, ами може да му поднаѕре и во душата, да сети оти во него се крие нешто подозрително и дури опасно за неа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Сестро, ти и самата си знајш дека и на чупината им е умо во мене. За то јас немам кривица.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)