кроти (несв.)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Сигурно се кроти нов чувек у неа! како што знаеше да рече мајката Роса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нив , најмалку ги погодуваа шлаканиците зададени од економското невреме, ( согласно старата поговорка : ситиот не верува на гладниот ) па така си кротеа пострана, уживајќи ги себично благодетите од системот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тетратка запишана, судбината ја кроти.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)