култивиран (прид.)
Хемијата што ме мачи сега тој ја решил строго и едноставно, со математичка сигурност на култивиран и припитомен вепар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На Енценсбергер му се чини дека сме отишле предалеку, дека еднонасочно сме ја нагласиле само едната, ироничната страна на саморефлексијата која инаку спаѓа во минимумот на секој култивиран ангажман.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не гледам зошто на твоите евентуално култивирани сетила би им пречела каква и да е тековна политика (на живеење).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А тогаш еден друг, сосем различен глас, еден тенок, култивиран глас, за кој Винстон помисли дека го слушнал веќе порано, упадна: „И, патем речено, кога сме веќе кај тоа 'Еве една свеќа, да ти го осветли патот, еве еден џелат да ти го скине вратот'.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)