куриозитет (м.)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овие места на градот можат да се сретнат интересни комунални куриозитети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега кога њутновите закони станаа ограничени закони, статичните уметнички скапоцености од дрво, мермер, платно и метал станаа бледи куриозитети, а нивната вредност е бесмислено надувана со добро рекламираната „раритетност”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Рудолф II, имено, како што веќе рековме, собирал секакви чуда: огромни црви, џуџиња, џинови, шкорпии, сијамски близнаци, чудесни камења, магични направи, лавиринти, музички автомати, часовници, фосилизирани билки и животни, оптички инструменти, огледала од сите видови, куриозитети од Индија, Кина, Перу...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Си помислив, зарем покрај толкуте луди забави и другите настани што ги смислија електронските забавувачи за да ни ги приближат благодетите на техничките иновации, сѐ уште постојат пребарувачи и на одживеаните литературни куриозитети?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Изјавата на режисерот во програмчето ја сфаќам како театарски куриозитет.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)