лаеж м.

лаеж (м.)

Овој пламна, ги затегна рацете зад грбот и свика нешто неразбирливо, слично на лаеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа одеднаш се крена и лаеж, отпрво несигурно, како да кучето што се огласи, уште не беше сигурно дали има причина да лае или не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но веднаш потоа избувна оптегнат лаеж на друго куче, а со него пак се повтори и му се прилепи дебелото, татнежливо лаење на кучето што прво се огласи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше уште многу рано. Одвај првата виделинка се лепеше за малиот прозорец, кога се крена тој невообичаен, настрвен лаеж на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ништо нема, а лаежот на кучињата само се преместува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш Пансионот започнува да одѕвива од кучешки лаежи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гратчето беше обично: ниски згради, низа од „коцкички“, оддалечени сирени, лаеж на кучиња. Луѓето се криеја по дупки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кучињата ни лаеж беа пуштиле, ни виеж полноќен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само на крајот од паркот, каде што неговите диви дрвја престануваа како пресечени, се гледаше како на полето работи по некој човек, а по ожнеаните ниви се издигаа копи сено, додека меѓу довикувањата на полските работници се плеткаше лаежот на селските кучиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Близок лаеж на пци. Потоа звуците стивнуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лаежот чиниш ги разбуди селаните. Се отвораат залостените дрвени порти, жени и деца молчаливо нѐ гледаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лаежот на врзаното куче од неа извлече млад маж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Четврт истрел. Само далечен лаеж и едно долго, долго ехо.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А ќе се слушне усната хармоника, ќе се слушне и свечен лаеж од градската кафилерија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зли усти имитираат кучешки лаеж, стар барабанџија со темно маслинесто лице, бронзени усни, налик на статуа, го кинеше од мене злобното завивање на омразата кон излитено пријателство од автодеструктивни пориви...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кучката Белка, се растрча, се гали, потскокнува, трча пред нив и некаде се губи, а лаеж нема..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)