ласне (св.)
Ќе мине силен ек ќе б'сне сонце златно - по секаде на светот ќе згине срамно гнетот - ќе л'сне живот нов!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Клава борина и повеќе отколку што треба, куќата ласна и сѐ појасно и појасно го осветлуваше Илка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оганот, распален, плапоти; борина — куп под огништето; светелникот веќе го исправиле и куќата ласнала.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе се избричи, ќе ги ласне чевлите и ќе излезе да брои муви.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Повеќето од куќите не ги лснуваа своите ноќни очи, а и тие што трепкаа до кај полноќта се случуваше со денови само црниот здив од оџаците да го пуштаат во белата плева на небото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во мракови се прибраа в село и Пелагија не ја лсна сијалицата кога влезе во одајчето, туку така промрзната и извалкана, се пикна под кувертата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пред нив се најде некаква широчинка, нешто како полена, сретсело, низи од долги двокатни куќи од едната и од другата страна и бидејќи токму таму ги поклопи црнината на ноќта, џамовите лснуваа со таинствена жолта светлина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)