леблебија (ж.)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Василка им дава на децата по полна рака бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ристе веќе донесе и мезе. He како кај Лесната: само сирење и јајца, ами извади, пезевенкот, и разни шарени шеќери, суво грозје, леблебија, смокви, та дури и еден пјат сторени пиперки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беа полни со грав, леблебија, суво месо, пастрма, секакви дребулии и - со шишиња ракија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Левтерија принесува ракија, леблебии и суво грозје, питулици и кисело млеко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мешаш смокви, мешаш леблебии, мешаш алва од печено брашно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А тие, мајка и татко, остануваа и без леблебии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да ѝ купам на Зора леблебија, да ѝ се бутнам во гаќи.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Игнорирајќи го гладот или залажувајќи го со по некое јаболко или некое зрно леблебија купена на одморите, се дружев со хероите на Шолохов од Тихи Дон откриени за прв пат во првиот том купен од една антикварница во Суботица, издание на Космос од Белград од 1940 година.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Си купивме леблебии мешани со суво грозје да се замезиме. Не, прво купивме семки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А откако го остави на масата тасот со леблебија и бадеми, шепотејќи се потруди да објасни: - Самоников денес е љубоморен, завислив и малку поднапиен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но повторно, другиот, третиот ден, следуваа истата каша и леблебиите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се случуваше Татко, кога се враќаше од работа, да ни донесе голема тутурка со леблебии, па си ги броевме, по кашата, колку толку да ја смириме гладта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Постојано некаде криеше и леблебии и од оние шарени мешлести бонбони, црвени, со бели пруги.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го затекнав киното во кое беше забрането јадење семки, сончоглед, суво грозје и леблебија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мажите просто ждереле семки и сончоглед, а жените леблебија и суво грозје.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оние што ќе влезеле во киното после журналот се изложувале на опасност да наседнат купче лушпи од семки, сончоглед, суво грозје и леблебија, но и на сѐ уште неизгаснат отпушок од цигара.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)