лев (м.)
Крчо си затера свој живот. Со платичката од шеесет лева месечно се облече „по френски", се обу со офицерски чизми, та дури имаше пари да и купува, сега слободно, на Нешка што сакаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од 1935 година бргу опаѓаат плантажите на ружи зошто бугарскиот монарх ги откупувал по 300 лева за еден декар.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во раката, кога заедно со војниците ја товарале на колата, ѝ нашле 100 лева, бездруго имала намера да му ги даде на Јована Акиноски кој ја растурил бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
319 Повторно на 14 јули од мисијата Conserve испратила порака до Каиро во која се истакнувало дека за „развивање на активностите во Македонија, Апостолски има потреба од 6 милиони лева секој месец и 2 милиони секој месец за бригадите кои дејствуваат во областа.“ Се барало ако не можело да се обезбедат во злато да се обезбедат во левови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
-Еј, слушаш! Стоте лева ваму! Ајде, немам време!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И сега само размавтува со
раце и вика пискливо по него: „Стоте лева! Еј, стоте лева!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„О, ти си бил многу добар, ти сакаш да дадеш двесте лева за мене”, се јавува однекаде пак Франц и сметина капа: „благодарам”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)