леснина (ж.)
И така заспа вечерта со леснина на душата, дека нема никакво зло ако гледа Крсте во неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По вчерашниот настан, Крле сети леснина на душичката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во тој момент тој чувствуваше една леснина како симнат голем товар од грбот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неговата четка со чудна леснина го покоруваше коравото платно. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ненадејно почувствував леснина. Спотаена радост. Можеби не е сѐ изгубено.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пуста стројница! Колку бргу, со какви зборови и со каква леснина го саштиса таа ресенскиот момок за момата, единствената ќерка на Попставревци...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо молчеше. Човекот се долепи до него и со леснина, како одамна да бил негов сосема близок пријател, го продолжуваше разговорот, како случајно прекинат: - Добро беше, но ... дуќанот ни беше на плоштадот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја понесе од тоа само леснината на трезноста, од која чекорот му стануваше поцврст, а задоволството со себе заминат и од целата таа утрина сега можеше да му узрее во радосна насмевка, што ја сети во своите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некаква леснина ни бликаше од душата и нѐ тераше распалавено да се влечеме низ падината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Е, твој бил такциратот, — рече Ѓуро со леснина на душата, ама и срам во очите пред верниот другар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И најслабото дете доби сила, со леснина можеше да издржи секаква казна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се преслече и влезе во лабораторијата да продолжи со работа, чувствувајќи свежина и леснина во душата и главата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но тоа не било ништо. Да умреш. Оваа леснина што јас сега ја чуствувам, на луѓето во животот им е непозната.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Леснина која што можеби уште повеќе произлегува од тоа што немам никаква потреба да бидам во оваа или во онаа состојба.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Неопислива е оваа леснина што ја чуствувам. Се чуствувам така што...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)