лет (м.)
Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се исправи над нив наеднаш голем и страшен и неговиот глас грубо го скина летот на нивните раскрилени мисли: - Картите ве молам!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но пак тој стоел, крај сето тоа со гордост на овој свет; над него горе, во сино небо ширеле орли лет...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Сум гледал рујна пролетна зора, сум гледал орел во крилен лет, сум гледал реки, езера, мора, но како тебе прилеган Пирин не видов нигде на овој свет?
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ајде, аловата за мене — и така и така — може да се најде, ами ка му беше лет пак и за Вилка да најде?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во летот долг се срушил он и никој не го закрилува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Тие се крилја на мртва птица и со нив е умрена и нивната желба за лет, за милување. Ослушнував.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Старата ластовица - мајка, им даваше последни напатствија на своите малечки за долгиот прекуморски лет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Лустерот лачезареше копнеж за волни летови, ширини, светли простори...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакаше да летаат, да вртат над неговата глава а тој да ужива во нивниот слободен лет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Борко распозна две птици. Но какви се? Црни се но не се врани, зашто летот на враните е поинаков.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Детето без брзање влезе во куќата, а тој сиот столб од нерви и црно месо, виде на хоризонтот лет на ѕвездена опашка и одмавна со глава: среќен пат, скитницо!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Врз растурените ѕидишта на сенките Во боја на портокал Летот длаби крај.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Бело, бело, бело... Снегулките во лет. Сета земја личи на бел, голем цвет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Само тихо, тихо, како што паѓаат снегулките, да не го нарушиме нивниот нечуен лет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)