магла (ж.)
По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Луѓето живееја од свои и туѓи неволи и ги паметеа дробните настани, благодарени на судбината што понекогаш ја растерува сивата магла на секојдневието.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Старата позната песна здушено в неврат се слива. Досадна сива магла, досадна песна сива.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Ја лелееше неговата свест. го влечеше кон далечна нестварност. Ја месеше неговата магла како што се меси тесто и ѝ вдахнуваше живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата што минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи; тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тонам во магла и имам забавени движења.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Пред сѐ да се сокрие во магла, тој уште можеше да ги види двете очи на старецот; тие станаа големи, полека слевајќи се во трпетлива светлост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ноќва како затнат оџак е темна и зачурена. Маглите се чадот од прегорените мечти во душата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Изгледаше дека ќе падне и ќе се разлее како влага во влагата, додека коњот ќе продолжи да ја влече својата тешка судбина, незнано некаде во магла и неврат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Секавично почна да прска сѐ околу него, да испарува, да го обвива во сиви крпи магла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И само што се крена утринската магла и малку се развидели, Цепенко, кој стоеше на стражарското место, извика: - Погледајте!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Последна мрежеста кошула на утринската магла се крена и се стопи во воздухот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Здраво, и тепај ги Романците на ринг.“ Излезе скоро со сигурни чекори носејќи ја со себе под очи својата магла небитница.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Листенце, мое пожолтено листенце!“ - извика Надица, како да го повикува да се врати, но тоа се загуби во сивата магла од којашто ситно, ситно подврануваше...
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Беше како некој застојан, заборавен во некоја долина од ноќта, откинат прамен магла, со кого си игра, искончувајќи го, и најмалата разнишканост на воздухот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Стемнило ми се стемнило Пелистер магла фатило, девојче друмје згрешило...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)