малициозен (прид.)
Изборите се добиваат со платени реклами исполнети со моралистички слики, емоционални драматизации и малициозни измислици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Овде, некој од театарската јавност, може да ме прогласи за малициозен.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Крутоста, антагонизмот и безнадежноста кај луѓето создава горчливо чувсто на депресија, профанација, суптилен песимизам, малициозни погледи, цинизам, формализам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со ваквата измена повторно се нормира и законски се прави достапно вработувањето без јавно огласување (укинато со ЗИДЗРО/авг.08), малициозна практика која ја намалува транспарентноста и достапноста на отворените работни места, која со својата нова законска формулација чекори на работ на неуставноста (чл. 2 од ЗИДЗРО/фев.13) ;19 б) Одредени промени настанаа кај објавувањето на огласот за обезбедување на потреба од работник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)