мама (ж.)

КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНТИЦА: Јас не можам, мамо, да му откажам на ова добро тој што ми го стори.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас те гледав каде што преврвуваше ама не можев да ти се јавам од мама.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (мошне љубезно). Мамо, вчера утро кога се сретнав со другаркине, ме прашаа кога да дојдат кај нас на поседа со работа (Имитира некоја).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Улав! Што ги бараш в џеб кога знаеш дека се кај мама.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
После, кога те поласне Неска и она те пледе, те ткае. Мама те и вапса и нејзе за вути!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Држејќи го малото раче, Доста почна да си реди: — „Милата рака на мама, мила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тате, жими мама, вистина ли е крив дедо?...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И синот по Весна повторува нежно: „Лека ноќ, мамо“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите мали мачиња како и дечињата овој збор го научуваат најпрво.) - Мјау, мја, мјау! - продолжило да мјаука мачето а тоа му значело: „Мамо, децата ме тргаат за опавчето!“
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Мамо, дај ми лепче! - Па сега ти дадов, - вели мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа таа ме прашуваше каде е мама. Јас ѝ реков дека е на пазар. А таа неколку пати силно извика Пазар! Пазар!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Две црвени за мене, - две за тебе; едно бело за мене, - едно за тебе; жолтото за мене, - зеленото за тебе,“ - делеше „Да ѝ го дадеме на мама!“ - извика братчето. Така и сторија.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Ќе ми помагаш да ѝ качуваме на мама дрва, зашто ако слезе и ако ги види, ќе ни ги фрлат.“ - рече Петре.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И, како првпат да дознава, пред сите рече: - Мамо, ова е цреша! Тато, ова е цреша! Бабо, ова е цреша!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Или: Нашата лисица сакаше да го искине штркот на мама.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А она е мечката. - Одлично, Зоки. Потоа мама и Зоки си одат дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој ден Трајче го зеде секирчето, влезе во ќералчето, му го кладе самарчето на Дорча и викна: - Мамо, мамо!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Набери дрва и дојди си порано. - Добро, мамо, добро!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе