манија (ж.)
Во своите скомињави, шкрти зборови не го криеше презирот кон колективните мании – фудбалот, модата, политиката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со циркуларно менување на состојбите на манија и меланхолија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Има некаква манија во мојов случај, некаква парцијалност.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Интерференцијата меѓу manira и манија ѝ одговара, значи, на интерференцијата меѓу аристотелизмот и платонизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Попримерено е да се протестира против уметничките експерименти во едно време во коешто германскиот уметнички живот речиси исклучиво е одреден со манијата на експериментирање со елементи коишто расно и народски се туѓи и со тоа го оптоваруваат и компромитираат германскиот уметнички углед пред целиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Иста е работата и со оние кои имаат манија често да се лутат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа им станува некој вид манија која произлегува од желбата да се биде најдобар.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ама јас и понатаму не можев да разберам зошто даскалот со толку манија и пизма се нафрли врз дедо?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)