марамче (ср.)
Со растреперени прсти извади бело марамче, го избриша челото, помина и по проседата растресена коса што му се спушташе до вратот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го вади марамчето, го допира до устата. Гледа: крв...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Шумарот, јадејќи за двајца, со двата надуени образи, често го вадеше марамчето од џебот, си ја бришеше потта.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во таа прилика немаше фајде од моето марамче...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Потоа го отвораше бовчалокот на момчето, здиплен во бела свила, а во него свилена кошула, свилена кравата со цветчиња, свилени марамчиња со извезени букви, свилени подризи, чорапи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги докрајчуваш принесените жртви, привршуваш со ритуалот и ладнокрвно ја чекаш конобарката да ти донесе сметка, бомбончиња и влажни марамици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тој остануваше да лежи во својот кревет, неподвижен со часови, со денови, со недели, гризејќи ги марамчињата, престилките, и крпчињата кои ги имаше собирано под својата перница. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Плаче како мало дете. Неговата мајка вади марамче, ги брише неговите солзи, а потоа и мрсулите кои потекуваат по неговите масивни мустаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И секогаш се плашам дека, оваа што има документ со печат за врската, ќе си го заборави клучот и ќе се врати за да го земе, ама ете госпоѓата е многу добро организирана и кога го напушта својот топол дом со список за неопходните работи, како клуч од автомобил, пудра течна и влажни марамчиња, не сака никакви изненадувања и тоа ти е!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потем му дадоа влажни марамчиња да си ги избрише капаниците.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)