масакр (м.)

Кога Рабле и Волтер сакале да ѝ се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во ед­ни­от, ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Играта завршува со масакрот на козите и преобраќање на козарите, во иреални работници на индустријата која не постои...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сечам сцени со плачливи американски натпреварувачи и ги додавам сликите на домашните масакри. И така по ред, воведувам ред меѓу луѓето. А потоа изморена се откажувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зборувам за дивјаштвото на армијата, за српските и црногорски доброволци кои го пљачкаат Дубровник, за колективната параноја, за лагите, за срушените хрватски градови , за убиените деца, за запалените села, за масакрите, за бегалците, за пијанството, за лудилото, за култот на ножот...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Објавувајќи ги двата памфлети: Дребулии за еден масакр (1937) и Училиште на лешеви (1938), Селин на некој начин им се приближи на фашистичките политички погледи и стекна голем број непријатели кои никогаш не му ја простија антисемитската жестокост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ме обземаше мачнина од овој масакар на божествата, на верувањето, кога не останува ништо друго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговиот глас, метализиран од појачалата, татнеше набројувајќи бескраен список од злосторства, масакри, депортации, грабежи, силувања, тортури на затвореници, бомбардирања на цивили, лажна пропаганда, непредизвикани агресии, прекршени договори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стег, како и некои други конзули, најголема заслуга за тоа што во Солун не биле извршени големи масакри му припишува на валијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што видовме, жртвите од динамитните атентати биле малубројни, но затоа жртвите од турските масакри биле доста бројни, иако, рековме, тие не можат да се споредат со ерменските.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред да го оставиш бакшишот, оддаваш едноминутна почит (уместо панихида) за жртвите на масакрот...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во негово време, пред очите на неговите војници ќе се одвива невидениот масакр во палестинските логори во Сабра и Шатила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле Махмут II на 16 јуни 1808 година, по невиден масакр на јаничарите во Цариград ѝ ставил крај на оваа единствена воена формација на човештвото...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)